Иако Марија Шерифовиќ е бескрајно талентирана, а пејачката и член на жирито на „Ѕвезда Гранда“ публиката не ја сака само поради добриот глас и големите хитови.
Марија многупати им помогнала на луѓето и на многумина им дала добар пример со своите хумани постапки, кои ги прави и сега.
Имено, пејачката била крајно потресена откако видела видео од талентираниот уличен пејач Мустафа Хрустиќ од Зеница, кој за жал останал без дом и сега живее на улица како бездомник.
„Овој тип спие некаде во Зеница под мостот. Неговото име е Мустафа. Доколку некој од Зеница може и сака да го најде, ве молам да ме контактира. Мустафа нека добие дом! “ – сподели Марија преку социјалните мрежи.
Инаку, на Јутјуб се појави видео на кое Мустафа си го разголи животот.
„Бев под кирија и повеќе не можев да продолжам да плаќам. Секој месец морав да имам двесте марки, а каде е храната. Малку можев да заработам од пеење, ама дождот ме избрка, непрекинато врне месец и половина. Немам пријатели и роднини, немам ниту татко ниту мајка, никој свој. Јас сум без нив од седум години и цело време живеам на улица. Не можев да најдам работа, пишувам и не ми одговараат“ – рекол уличниот пејач од Зеница.
Мустафа изразил голема желба да се појави на натпреварот „Ѕвездите на Гранд“, но како што вели не е во можност. Мара токму тој дел го сподели на својот Инстаграм профил.
„За таму треба да имаш пари. Можам да одам и да аплицирам, но како? Не можам да одам таму со 10 марки. Џабе… ти требаат пари за убаво да се облечеш, да имаш вратоврска. Треба да се претставите, од каде сте, име и презиме, колку години имате. Би се пријавил, но не можам“ – вели младиот човек на видеото, поради што Марија рекла дека ќе му помогне, а вратоврска лично ќе му подари.
Во видеото подолу погледнете ја приказната за Мустафа од Зеница:
Фото: Инстаграм принтскрин/zvezdegranda