Радио Милева

Свадбен марш за водителот Жика Јакшиќ и 90 годишната Добрила од Дојран!?

Свадбен марш за водителот Жика Јакшиќ и 90 годишната Добрила од Дојран!?

Продуцентот на „Гранд“ откако се разведе од Дајана Пауновиќ ужива во својата слобода и во своите активности.

Тој ја води емисијата „Никогаш не е доцна“,која приредува многу изненадувања.

Изненадување за сите гледачи, но и за присутните студиото беше кога орекстарот „Александар Софронијовиќ“ го отсвири свадбениот марш за Жика Јакшиќ и 90- годишната кандидатка од Дојран.

„До мене стои едно човечко сушество кое го обожавам и ќе го обожавам до крајот на животот. Ти си моја љубов, мој идол што се однесува на духот, ставот и емоциите, изјави Јакшиќ.

Дали станува збор за шега или навистина ќе има свадба, останува да видиме во новата емисија на музичкото шоу.

За потсетување, во неколу емисии наназад Жика изјави љубов на Добрила Ивановска Чабриќ и потенцираше дека сака да ожени со неа. Секако, се тоа беше како шега од музичкото шоу.

Инаку, Добрила важи за фаворит во ова музичко шоу, а сите се воодушевени од нејзината енергија и волја за живот.

фото:принскрин

To top