Месец мај и јуни се месеци на близнаците, оние астролошките, а пејачката Тамара Тодевска е хороскопски близнак која пред само неколку дена го прослави својот 38-ми роденден.
Велат дека близнаците знаат да бидат многу пријатни, но и карактерно незгодни, а Тамара како личност која малтене горе-долу верува во овие општи карактеристики, преку Инстаграм покажа како стојат нештата по оваа тема кога е лутината во прашање.
Имено, за доброутро таа објави една фотографија од која јасно стави до знаење каква е по темперамент кога коцките не и се на број и некој ќе ја налути.
Интензитетот го раграничи по нивоа, така што првото ниво кое очекувано треба да е она најсилното, кај Тамара или кај близнаците е видно изразито, па како што оди кон ниво два, три снанува не така бурно, за да дојде до наводно мирно и смирено однесување со видлива насмевка, Но, тогаш е најопасно и тоа со предувредување! Биби внимателен на ниво четири (насмеано лице)!
Оние кои ги познаваат, знаат дека тоа е еден вулкан кој се подготвува за ерупција, така што кога повеќето би помислиле дека „лавата спие“, тогаш непогода се спрема – катастрофална.
За да се скроти духот, најдобро за Тамара е денот да се почне во теретана и со истурање на сите конфликти и фрустрации со вежбање.
Денот може да биде поубав, а за она останатот од погоре, балансот е најдоброто решение, особено за оние што познаваат еден близнак.
фото:Instagram printskrin/Tamara Todevska/Martin Trajanovski