Марија Магдалена потрошила повеќе од 100.000 долари на пластични операции. Таа се прослави поради својот изглед, кој ги загрижува и најголемите експерти во светот, а за малку ќе умреше поради тешките операции, но постојано потенцираше дека нема да престане да „оди под нож“.
26-годишната девојка неодамна ја претстави својата најнова трансформација откако беше подложена на четврта операција на носот за да создаде „нос на Барби“, како и операција „мачкино око“ за создавање на коси очи. Мери редовно ја документира секоја промена на Инстаграм, па на своите следбеници им го покажа „новото лице“.
„Горната усна се уште не ми се мрда од операцијата! Сè уште е отечена од операцијата на носот, па дури и зборувањето е чудно“ – изјавила по операцијата.
View this post on Instagram
Сега таа се загрижи и себе си и нејзините следбеници со најновите фотографии, кога се соочи со несаканиот исход од операцијата. Имено, ненадејно и пукнал силиконот во градите, а таа сподели прилично вознемирувачко видео со само еден џиновски имплант. Во таа прилика на своите следбеници им најави дека се враќа на природниот изглед и дека ќе ги извади сите импланти од градите.
View this post on Instagram
Кога ќе пукне имплантот исполнет со силиконски гел, гелот може да остане во капсулата или во ткивото на лузната што се формира околу имплантот, што може да доведе до гниење на ткивото и сепса.
Нејзините импланти на градите беа со големина 38Ј , но носела и експандери за да ги направи уште поголеми.
Во 2018 година, Мери за малку ќе умрела на операционата маса за време на процедурата за добивање на „најсочна“ односно „најнабабрена вагина“ на светот.
„Ја дизајнирав по нарачка, па ги имам најдебелите ‘вагинални усни’ на светот. За малку ќе умрев за време на постапката. Морав да нпримам две трансфузии со крв. Докторот рече дека губам толку многу крв и дека сум многу бледа. Мислеше дека ќе умрам“ – изјави поранешната стриптизерка за The Sun.
View this post on Instagram
Марија Магдалена првата операција ја направила на 21 година, кога почнала да работи како стриптизета и девојка за деловна придружба.
Досега ја коригирала вилицата, го оперирала носот, ги затегнала очите и кожата, вградила силикон во усните, градите, задникот, отишла на липосукција, а секоја од овие операции ја правела неколку пати.
Фото: Инстаграм принтскрин/1800leavemaryalone