Пејачката Анастасија Ражнатовиќ и фудбалерот Немања Гудељ пред неколку дена објавија дека го загубиле бебето.
Немања веста ја објави на својата инстаграм приказна, а Анастасија одлучи целосно да се повлече од јавноста. Таа ги исклучи своите профили на социјалните мрежи и не даваше изјави, а на јавен настан за првпат се појави пред два дена, кога го бодреше својот избраник во финалето на Лигата на шампионите во Будимпешта.
Неговиот тим на крајот триумфираше, а неговиот пријател објави видео на Инстаграм на кое се гледа како тој и Анастасија плачат од среќа поради победата на Немања.
На фотографијата се гледаат Немања и Анастасија прегрнати на теренот завиткани во знамето на Србија.
„Најубави мои“, напиша Цеца покрај фотографијата.
фото: ZORAN ILIĆ, ALEKSANDAR DIMITRIJEVIĆ, SHUTTERSTOCK / RINGIER/ Instagram