Игор Џамбазов постојано е преокупиран со разни нешта… Откако беше промотор на промоцијата на автобиографската книга „Живот на коцка“ на Велибор Џаровски – Џаро, Џамбазов сега е преокупиран со блузот… Поточно со излегувањето на новиот албум, чии песни од првите 30 години кариера заедно со неговиот верен придружник и музички компањон Гуру Харе, ќе бидат објавени на ЦД.
„Со Гуру Харе прославуваме 30 години од првиот заеднички проект.
Албум со 17 оригинални македонски блузови што ги слушавте и сакавте сиве овие години, но и некои нови, за сите блуз-сладокусци…“ – споделил Џамбаз покрај фотографијата со обвивката на претстојното ЦД.
А, блузот не е блуз ако не се свири во живо, па тоа двајцата „блуз пајташи“ со нивниот придружен бенд постојано и го прават секаде каде што може да се свири и настапува, низ цела Македонија.
Една фотографија од последните настапи, каде е во полн изведувачки занес на сцената, Џамбазов споделил со своите следбеници, од кои некој веројатно му забележал дека се поправил, па гитарата наместо на средина, заради стомакот му стои малку настрана.
Луцидниот мултимедијалец веднаш се потрудил да појасни „каква е оваа ситуција“, поточно што е причината за „вишокот околу стомакот“?
Ми викаат:
„Пак си се здебелил“?
Им викам:
„Ееее, ме отпишаа од планинарското…“ – им одговорил Игор асоцирајќи дека не е повеќе така физички активен откако во неговиот живот ја нема планинарката Илина Арсова, па сега нема на што да се качува… Да се разбереме, на планините се мисли и бројните прошетки во природа низ убавините на Македонија… Нешта, што ги практикуваше додека траеше врската со планинарката!
Арно ама, како по некое старо непишано правило, кога „од едно ќе те отпишат во друго те запишујат“, па така изгледа дека Џамбазов е мошне редовен со своето присуство онаму каде од физички напор најтешко е да се кренат ножот, вилушката или лажицата и евентуално… чашата! Епа… таква е оваа ситуација… Наздравје!
Фото: Фејсбук и Инстаграм принтскрин/igordzambazov