Пејачката Теодора Џехверовиќ редовно мами воздишки со своите предизвикувачки изданија, како во живо, така и преку социјалните мрежи.
Таа неколку пати досега беше во центарот на вниманието поради провокативните фотографии и видеа кои ги објавува, а кои според многумина ја допираат границата на експлицитноста.
Но, на Интернет сега осамна видео од пејачката во сосема поинако издание, поточно таа се појави без грам шминка на лицето.
Zamislite kad se kod nas zabrani photoshop i faceapp za instagram. Pa da onda svako svakog pogleda u lice.
#faceapp #teodoradzehverovic #mahrinaye #idjvideo #zadruga6 #menadzerkasandra #emaradujko #caosvima pic.twitter.com/Cxh3dozVfd— Kofeinka (@ElenaMitrovi1) May 22, 2023
Теодора замавна кон камерата облечена во качулка и врзана коса, а го покажа и лицето без шминка.
И додека некои ја пофалија пејачката за овој потег и ја советуваа „да објави уште вакви фотографии и видеа“, други негативно го коментираа изгледот на Џехверовиќ.
„Никогаш не би ја препознала вака“, „Ах, што прави шминката“, „Непрепознатлива е“, „Дали е ова навистина таа?“ се само дел од коментарите.