Српскиот рапер Реља Поповиќ неодамна стана татко по втор пат, тој со пејачката Николија Јовановиќ ја добија втората ќерка.
Реља својот приватен живот го крие од јавноста, а истото го прави и неговата сопруга Николија. Но познато е дека тој уште на две годишна возраст останал без татко и дека живее само со мајка му.
Сепак до нејзината смрт јавноста не беше запознаена со фактот дека неговата мајка е познатата балетска икона Зоја Беголи.
Исто така помалку познато е дека Реља има и брат кој се вика Миша, кој многу личи на него.
-Затоа што е поубав од мене морам да го кријам, се пошегува Реља на прашањето зошто го крие својот брат.
Фото: Инстаграм принтскрин/nikolijaofficial/misapopovic/reljarelja