Мегафон фестивалски одеци

Мишко Крстевски со песната „Ема убава“ победи на „Фолк фест Валандово 2023“

Мишко Крстевски со песната „Ема убава“ победи на „Фолк фест Валандово 2023“

Викендов се одржа 36-то издание на популарниот „Фолк фестивал Валандово 2023“, каде на главната фестивалка вечер која се одржа во неделата (28 мај 2023) во фестивалската сала „Јанко Узунов“,  на сцената беа исполнети 20 новосоздадени македонски песни.

На фестивалот беа доделени повеќе награди за учесниците. Првата награда ја доби Мишко Крстевски за песната ,,Ема убава”, со музика, текст и аранжман на Љупчо Трајковски – Фис…

Втората награда отиде во рацете на Елена Андоновска за песната ,,Ни седум неба, ни седум гори”…

А, третото место го освои Анета и групата Молика со песната ,,Букети од сомнежи”.

Наградата за најдобар дебитант ја доби Адријана Ацевска, позната како Адријана Кеш, за песната ,,Проклет да си”, наградата за најдобар текст ја доби Нино Величковски за песната ,,Песна беше живот мој” со текст на Огнен Неделковски, а Елена Андоновска освои награда и за најдобра интерпретација.

Наградата за животно дело годинава  му се додели постхумно на пејачот Ѓоко Дончев, а во паузата на гласањето на фестивалската вечер беше изведен омаж за починатиот музичар, Милан Завков.

Наградите се доделуваа со гласање на публиката во салата и гласовите на стручното жири, а фестивалската вечер беше директно пренесувана на МРТВ.

Градоначалникот на Општина Валандово, Перо Костадинов им ги врачи наградите на изведувачите.


Фестивалот помина во убава атмосфера, надополнета со двете предфестивалски вечери на отворено, со многу музички гости и посетители од целата земја.

На нив настапија Жељко Самарџиќ, Јоце Панов и „Распеани валандовчани“ на првата и  Ефто Пупиновски, Ана Бекута и „Куку леле“ на втората предфестивалска вечер на Градскиот плоштад во Валандово со кои беше крената завесата на 36.издание на Фолк фест „Валандово 2023“.

Фото: Фејсбук принтскрин

To top