Радио Милева од љубов или од очај?

Сандра Африка и Владимир Волков повторно се во врска: Фудбалерот два пати ја изневерил, а пејачката му се врати по трет пат (ФОТО)

Сандра Африка и Владимир Волков повторно се во врска: Фудбалерот два пати ја изневерил, а пејачката му се врати по трет пат (ФОТО)

Српската пејачка Сандра Продановиќ позната како Сандра Африка, наводно како што пишуваат српските медиуми е во врска со Владимир Волков, фудбалер со кого неколку пати раскинуваше и ја обновуваше врската.

Српските медиуми пишуваа дека Волков ја изневерил пејачката со нејзина колешка  Ана Марија Смиљаниќ, но и со „поранешната членка на групата „Хјурикејн“ Ивана Николиќ.

Сега Сандра и Владимир наводно решиле да и дадат уште една шанса на љубовта: “По раскинувањето со Волков, Сандра целосно се повлече. Но не сакаше да се обиде со некој друг бидејќи цврсто веруваше дека тој ќе и се врати кога ќе прекине да се гледа со други жени“, рекол неименуван извор, пренесува Информер.

Истиот извор додава дека помирувањето се случило една вечер кога Волков се забавувал со другарите, пиел алкохол и слушајќи ги песните таа вечер, го потсетиле на поранешната девојка која најмногу го сакала и му простила се.

 

„И испрати порака па се договорија да се видат, а се останато е историја. Таа изгледа само го чекаше тоа, а тој сфати дека е среќен само со неа“, Владимир сега е во станот на Сандра, живеат во Нов Белград“, често ја придружува на настапи, тврди извор близок до парот за српските медиуми.

Фото: Инстаграм принтскрин/sandraafrika

 

To top