Ана Стојаноска и Дритон Вејсели, Вам попознат како Талат од хит серијата „Преспав“ се пар, актерско-водителски пар.
Нивната врска е вистинита и тоа како водителско истражувачка двојка во новата доку-серија насловена „Радиус“. Од минатата недела, авантурите на Ана и Дритон може да ги гледа целата нација, а веруваме дека овој актерски тандем, а и авантуристичката тема, дополнително ги прави атрактивни.
Првата македонска доку-серија ги раскажува автентичните приказни од Балканот. Секоја епизода е нова авантура, ново патување низ два града, две села или два региони во гранична област помеѓу Македонија и секоја од нејзините соседни земји.
Ана блеска со својата компетитивност и подготвеност за акција.
Таа е ранобудник со иницијатива секогаш подготвена за нови откритија. Наспроти неа го имаме Дритон кој е повеќе „турни ме да кинисам“, со телефонот во рака постојано го бара пократкиот пат до целта, а попатно неизбежно ги открива местата со најдобра храна. Не може да не ги засакате поради нивната уникатност, снаодливост и свежиот хумор.
Приказните во секоја епизода се оние кои не поврзуваат но и не прават посебни, поврзани се со културното наследство, традициите и вредностите кои се заеднички за народите на Балканот, вкусната храна и прекрасната природа на регионот, како и луѓето во чии животи и професии се препознава важноста на минатото, но и погледот кон заедничката иднина.
Првата епизода, во која Ана и Дритон ja истражуваат магијата на традиционалното занаетчиство и рачните изработки во Скопје и Призрен веќе е достапна на платформата Глеј и на Јутјуб каналот Радиус.