Кога не е зафатен со натпревари, Новак Ѓоковиќ сака да присуствува на разни настани.
Познатиот тенисер неколкупати сме го виделе на црвениот килим на Канскиот филмски фестивал, а во оваа прилика ќе ве потсетиме на 65-тото издание на познатиот фестивал, пред единаесет години, кога присуствуваше на премиерата на филмот „Убивање Them Softly“ со неговата тогашна девојка, сега сопруга Јелена. На Азурниот брег Ноле го прослави својот 25-ти роденден.
За стајлингот на Јелена се зборува долго време. Дотогаш цел свет веќе знаеше кој и го украл срцето на тениската ѕвезда, па фотографите и модните аналитичари внимателно ја мереа од глава до пети. Таа носеше креација на Роберто Кавали со интересен принт и едно отворено рамо. Но, оваа година славниот пар не е во Кан.
Откако учеството на Мастерсот во Рим, каде го бранеше трофејот, заврши во четвртфиналето, Ѓоковиќ се врати во Белград. Моментално се подготвува за Ролан Гарос во главниот град, па немал време со сопругата да „скокне“ на југот на Франција и да го посети престижниот фестивал.
фото:Инстаграм/Profimedia/ Pascal Le Segretain/Getty Images