Поранешната учениска во „Големиот брат“ и ТВ лицето Сораја Вучелиќ е депортирана од Србија и важи за ризична личност.
Со оглед на тоа дека е црногорски државјанин, Сораја била депортирана за Црна Гора, пренесуваат српските медиуми.
Прогласена е за безбедносно ризична личност, а Србија има сознанија дека старлетата има контакти со сомнителни лица од Црна Гора, тврди близок извор.
Екипата на Телеграф се обиде да стапи во контакт со Сораја, но таа не се јавуваше.