Мегафон

Промоција на биографската книга „Живот на коцка“ на познатиот менаџер Велибор Џаровски – Џаро

Промоција на биографската книга „Живот на коцка“ на познатиот менаџер Велибор Џаровски – Џаро

Официјалната промоција на биографската книга „Живот на коцка“, на познатиот менаџер Велибор Џаровски – Џаро ќе се одржи во понеделник, на 29 мај,од 19 часот, во ресторанот „Four“ во хотелот „Парк“. Автор на книгата е неговата ќерка, новинарката Милица Џаровска, а книгата е во издание на издавачкиот центар „Три“.

Промотор на книгата ќе биде македонскиот актер, водител и пејач, Игор Џамбазов.

Во книгата, низ интересни приказни се раскажува за возбудливиот живот на Џаро. Од првата „местенка“ која се случила во семејната куќа во населбата Ѓорче Петров каде што и денес живее, до необичната, но успешна соработка со најголемите музички и спортски ѕвезди од поранешна Југославија. Се’ е раскажано во приказните кои се напишани во прво лице. Книгата неодамна беше изложена на Саемот на книга во Скопје каде Џаро лично ги потпишувае примеровите, а истата се продава во сите книжарници на „Три“ низ Македонија.

To top