Луна Ѓогани и Марко Миљковиќ пред неколку дена ги спакуваа куферите и со ќерката Миа отпатуваа во Грција.
Тие сега објавија дел од атмосферата од патувањето и ги воодушевија сите. Имено, тие заедно со ќерката уживале во базенот, Луна го облече костимот за капење и го покажа трудничкиот стомак, додека постојано се смешкаа.
„Колку си убава“, „ох, убава си“, „Луна, блескаш во бременост“, се само дел од коментарите.
Луна треба да се породи за неколку месеци, а нивната ќерка откри и како ќе се вика нејзината сестра.
– Решивме во овој клип да дознаеме како ќе се вика нашиот следен наследник, но да се обидеме прво да видиме дали можеби Миа ќе го каже тоа? – почна Марко да снима видео за нивниот канал на „Јјутјуб“, сончајќи се на плажа, а Луна додаде:
– Миа, како ќе се вика сестрата во стомакот на мама?
– Сестра Лана – рече девојката.
Фото: Принтскрин/Инстаграм