Радио Милева антологија за последно збогум

Кралот Ферус замина, но кралот вечно ќе живее: Росана потсети на песната што им ја одбележа кариерата – „Свири ми брате Цигане“ (ВИДЕО)

Кралот Ферус замина, но кралот вечно ќе живее: Росана потсети на песната што им  ја одбележа кариерата – „Свири ми брате Цигане“ (ВИДЕО)

Кралот Ферус Мустафов замина, но кралот вечно ќе живее… во песната и сеќавањата. И на неговите колеги од естрадата со кои несебично соработуваше и  кај публиката која со своите ноти од саксофонот и кларинетот со невидена леснотија ја маѓепсуваше!

Зашто кога Ферус ќе засвиреше, нозете сами танцуваа, телото се нишаше во ритамот на орото или чочекот, кои толку маестрално ги изведуваше. Звуците кои излегуваа од инструментот што го свиреше како да беа испуштени од  дното на самата душа на „кралот“ на истиот тој инструмент, со кој подеднакво знаеше да ги поттикне сетилата, да ја разбуди секоја емоција… И онаа, кога среќета бескрајно ја грее душата терајќи ја да се весели пее и радува, но и онаа кога тагата царува… Тоа најдобро го можеше и умееше само тој… „Кралот“ Ферус, кој отсвире  илјадниџи песни на кои им вдахна душа, им вбрзига нова димензија да завучат поинаку… Нам толку блиски, а сепак светски!

Затоа почитта, за жал онаа последната кон неговиот лик и дело, кон неговото мајсторство, знаење и умеење е огромна. И онаа поединечната од мноштвото колеги, јавни и естрадни личности, пејачи, музичари, автори, продуценти… и колективната – на разни институции и здруженија како што е „Здружението на естрадни уметници“, кое се прости од нивниот член, колега и пријател.

Ферус остави многу музика зад себе, неговото наследство и придонесе се огомни, но сепак, како и секој естраден уметник, како и секоја вистинска музичка ѕвезда која има една песна по која најмногу ја паметат, се чини дека „кралот на саксофонот“ народот најмногу го запамети по соработката со Росана Сариќ Тодоровска во легендарната песна од 1992 година „Свири ми брате Цигане“.  Песната која уште со првата изведба беше јасно дека ќе стане голем фолк хит, а со текот на годините ќе прерасне и во вистински фолк евергрин.

Интересен е настанокот на оваа песна која  во една прилика ќе го раскаже нејзиниот автор, лани починатиот (2022 год.) Тоде Новачевски, инаку бивш сопруг на Маријана, сестрата близначка на Росана. Имено песната тој ја напишал во кафеана на салфетка, две недели пред да замине за Мелбурн – Австралија.

„Не случајно моите најуспешни песни се и најискрено искажување на моите лични чувства. Таква беше и „Свири ми брате Ферусе (Цигане)“ која ја напишав на салфетка во кафеаната „Теке“ на празникот Василица. Седевме на маса заедно со сестрите, а пред нас свиреше Ферус“ – откри своевремено Новачевски.

Песната ѝ беше отскочна штица на Росана Сариќ Тодоровска која во тој период сериозно размислувала дали да се повлече од естрадната сцена, откако сестра и близначка замина да живее во Австралија.

Токму по веста за заминувањето на Ферус, Росана беше една од првите која на социјалните мрежи, поточно на својот фејсбук со трогателен статус се прости од својот близок колега и пријател, меѓуостанатото потсетувајќи се на песната која на некој начин ќе им ја одбележи кариерата на обајцата.

 

„Многу ја сакаше ‘Свири ми  брате Цигане’…
Толку убави моменти и заеднички снимања и настапи… Жалам… Ужасно жалам, бидејќи знам дека со твојот САКСОФОН И КЛАРИНЕТ можеше уште долго.
За жал, правилата не постојат за многу нешта во животот, така и правилото  да си замине некој пред време… Почивај во мир пријателу,прекрасен музичару… Знам дека е горе на небото заедно со нашето братче Мирослав, кој беше одличен музичар, Тоде Новачевски прекрасен композитор, Драган Вучиќ менаџер и музичар, Милан Завков прекрасен композитор, аранжер, Зоран Џорлев еден и единствен на виолина, ќе направиш достоен и величествен оркестар со сите правила и норми на македонската песна, прдд се… На сите вам ви се поклонувам со огромна почит.
Почивај во мир драга ФЕРУСЕ“ – се едни од последните напишани проштални зборови на пејачката Росана Сариќ Тодоровска која покрај нив ја споделила и песната која како што самата вели, Ферус толку многу ја сакаше… „Свири ми брате Цигане“ (КЛИКНИ ТУКА):

Фото: Фејсбук принтскрин/Rosana Saric Todorovska

Видео:  You Tube

To top