Мегафон победа

„Оваа победа е за мојата Македонија!“: Иџе повторно ги „прегази“ конкурентите (фото)

„Оваа победа е за мојата Македонија!“: Иџе повторно ги „прегази“ конкурентите (фото)

Македонскиот автомобилист Игор Стфановски- Иџе продолжува да реди успеси.

На вчерашната трка на патеката „Рампа да Фалпера“во Брага, Португалија го освои првото место.

Иџе повторно покажа кој е најдобриот, бидејќи продолжи со победите во ФИА европскиот шампионат во ридско-брдски патеки.

Прв  стигна на трката во  Брага и  со тоа стигна до титулата во овој шампионат.

– Оваа победа е за мојата Македонија – стои во фејсбук објавата на Иџе со кој се гордеат љубителите на автомобилизмот.

Иџе со неговиот автомобил „Hyundai i30 TCR“ постави време од 2:12.780 и за две секунди беше побрз од најблискиот конкурент за првото место.

На втората позиција се најде О`Плеј од Италија (2:15.414), а третопласиран е Германецот Ервин Бак (2:16.912).

Стефановски втора година по ред триумфално се враќа од Брага.

Местото број еден по којзнае кој пат му припадна повторно на Иџе, а возбудата и еуфоријата не го нашуштија.

Честитки!

Фото: Принтскрин/Фејзбук/Игор Стефановски – Иџе

To top