Радио Милева убава вест

Поранешното момче на Анастасија Ражнатовиќ ќе стане татко: Ѓорѓе Куљиќ ја сподели веста со сите и го откри полот на бебето (фото)

Поранешното момче на Анастасија Ражнатовиќ ќе стане татко: Ѓорѓе Куљиќ ја сподели веста со сите и го откри полот на бебето (фото)

Ѓорѓе Куљиќ и стана познат на јавноста поради врската со пејачката Анастасија Ражнатовиќ, а наскоро и тој ќе стане татко.

Неговата избраничка Мила Радојевиќ е во блажена состојба, а на социјалните мрежи открија дека чекаат девојче.

Ѓорѓе и Мила го открија полот на бебето  качени на брод, а позираа гушнати  и  потоа се бакнаа.

Тие двајцата  извесен период живееја во Црна Гора, а потоа заедно заминаа во Чикаго. Во споменатата метропола, Ѓорѓе разви семеен бизнис и токму затоа често е на релација Србија-Америка.

Да потсетиме, Куљиќ и Ражнатовиќ минатата година ставија крај на петгодишната врска. По раскинувањето со Ѓорѓе, Анастасија тврдеше дека двајцата останале во добри односи, а во прилог на тоа говори и фактот што тој сега е фатен во друштво на нејзините пријатели, а се чини дека навистина нема лоша крв меѓу нив.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Ѓорѓе Куљиќ

To top