Македонскиот музичар и уметник Павле Камилоски и неговата избраничка, планинарката Ирина Дишовска, наскоро ќе станат родители.
Убавата Ирина е во поодмината бременост, а уште од почетокот кога дознаа дека семејството ќе стане поголемо, открија дека ќе добијат машко бебе, бидејќи медицината сега тоа го овозможува уште од рана фаза.
Познатиот тенор и планинарката според медиумите важат за еден од најшармантните македонски двојки, а тие пак со гордост сакаат да обзнанат за убавите моменти во нивните животи.
Ирина иако е во третиот и последен триместар од бременоста никако не се откажува од љубовта и активноста во природа. Иако со стомак до заби, Ирина е витална идна мама која нема проблем да се качи дури и на врв.
Нејзините „стори“ од Инстаграм наидуваат на воодушевување кај следбениците кои не ретко знаат да и поласкаат. За потсетување, Павле и Ирина се венчаа во месец февруари, а за бременоста открија претходно кон крајот на месец декември.
Инаку, Камилоски со проектот „Мала Италија“ освои безброј срца, при тоа доближувајќи ја медитеранската музика до публиката, а неговиот репертоар опфаќа голем број хитови како оние на Френк Синатра, Дин Мартин, Мајкл Бабл.