Радио Милева утрински маки

По утринското селфи и прашањето: „Кој рано рани…“ одговорот за Викторија Лоба беше шок-изнендаување, па пејачката уште рано изутрина „му ја летна“ на средување (ФОТО))

По утринското селфи и прашањето: „Кој рано рани…“ одговорот за Викторија Лоба беше шок-изнендаување, па пејачката уште рано изутрина „му ја летна“ на средување (ФОТО))

Македонската пејачка со руско потекло, Викторија Лоба, често пати преку нејзините Инстаграм приказни комуницира со нејзините фанови и споделува дел од нејзиното секојдневие со цел што подобро да ја запознаат.

Таа неодамна сподели фотографија и се пофали дека постојано работи па напиша:

„Кој што прави ние си работиме“  – но, затоа мора и да се стане уште во раните утрински часови …

Токму поради тоа таа ги праша нејзините следбеници преку кратките приказни на Инстаграм, што се се добива ако се станува рано?!

Па на прашањето: Кој рано рани – го очекуваше вистинскиот одговор.

Неодамна таа ги загрижи фановите дека нејзиното кученце е болно, па сега веројатно одвојува повеќе време за галење и мазење.

Можеби затоа првиот одговор беше за миленичињата.

– Маша ја гали –  гласеше одговорот на еден фан, што и не беше далеку од вистината затоа што Лоба потврди дека тоа е задолжително секое утро.

Но тука беше и не толку пријатниот одговор дека сепак, кој рано рани два пара подочници граби, на што пејачката слатко се изнасмеа, покривајќи ги очите за да не ја открие  вистината на дело.

Но на крај сепак  погодија.

– Кој рано рани многу му се нани – со емотикон кој се зева, Лоба потврди дека ова е вистинскиот одговор за неа.

Па, затоа пејачката замина веднаш во рацете на професионалците…

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Викториа Лоба

To top