Радио Милева најдобра актерка

„Ова го направивме заедно“: Кејт Винслет полна со емоции (фото)

„Ова го направивме заедно“: Кејт Винслет полна со емоции (фото)

Кејт Винслет, Бен Вишо и серијата „Предавници“ се победници на вечерашното доделување на телевизиските награди БАФТА во Лондон. Познатата актерка на свеченоста дојде со ќерката Миа Триплтон, која исто така е актерка. А таа ѝ ја посвети наградата токму нејзе.

Познатата Кејт Винслет е прогласена за најдобра актерка благодарение на улогата во серијата „Јас сум Рут“, а во оваа продукција игра и нејзината ќерка.

– Сигурно ќе бидам од оние кои ќе плачат оваа ноќ. Не гледам (рече таа мислејќи на хартијата). Малите британски телевизиски драми можат да бидат моќни, а приказните за менталното здравје како оваа треба да се слушнат. Кога би можела да ја преполовам наградата, половина би и дала на ќерка ми Миа Триплтон, ова го направивме заедно, душо. На луѓето кои имаат влијание им велам: ве молам забранете ги штетните содржини, не сакаме да го гледаме тоа… секој млад човек кој долго време бара да биде сослушан, ве молиме побарајте помош. Ќе најдете помош, само побарајте – рекла актерката.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Ли Флојд/Профимедиа

 

To top