Радио Милева црно и црвено

Марјана Станојковска и Вера Мештеровиќ во фустани кои одземаат здив: Македонските водителки го собраа целото внимание на Виенски бал (фото)

Марјана Станојковска и Вера Мештеровиќ во фустани кои одземаат здив: Македонските водителки го собраа целото внимание на Виенски бал (фото)

Гламурот, елеганцијата и престижот, уште еднаш беа попратни синоними на традиционалниот Виенски Бал во Скопје кој изминатиот викенд, односно во саботата се одржа по 22-ри пат во хотелот Александар Палас.

По музиката на Штраус и уметноста од легендарниот музички дух на Виена пулсираше Виенскиот бал, настан под покровителство на амбасадата на Република Австрија во Скопје, а во организација на Здружението за културна соработка Јохан Штраус.

Балот на едно место го собра дипломатскиот кор, општествениот и културниот живот, како и од деловниот свет, а гостите се дружеа, танцуваа и густираа од богатото мени со избрана храна.

Редовно, како и секоја година, па така и оваа требаше да се испочитува традицијата на настанот, односно задолжителниот дрес- код, и тоа, за дамите – свечена долга тоалета, а за господата – темни костуми или смокинг.

Водител домаќин на настанот беше Вера Мештеровиќ која смени две црни тоалети со дизајнерски потпис на домашна етикета.

Екстравагандна, гламурозна и раскошна, Вера едноставно доминираше, баш онака како што доликува за водител на настан од ваков карактер.

Модна кралица во црно која со својата маркантност и впечатлива појава беше една од најгламурозните.

Ништо помалку впечатлива не беше ниту водителката Марјана Станојковска која беше гостинка, но ултра впечатлива со бајковидна и драматично црвена волуменозна тоалета во принцеза крој со истакнати раменици.

Пуштената долга руса коса, впечатливата шминка, накитот и целосниот моден визуелен приказ и Марјана ја направија да биде рамо до рамо со највпечатливите.

Секако, Виенскиот бал беше една модна парада на гламур и авангарда од кој доминираа дамите.

Инаку, според програмата, се претставија Оркестар Јохан Штраус, диригентката Бисера Чадловска, Танцова школа Прима Данца, Танцова школа Врачар од Србија, Свингерси, вокалните солисти Драган Бобиќ – Дексо, Калина Велковска, Вејчеслав Поповски, балетот од НОБ, првенци на балетот Саша Ефтимова и Балаж Локсеи, Мирослав Митрашиновиќ и Христина Наќевска.

фото:Инстаграм принтскрин/Вера Мештеровиќ/Марјана Станојковска/wienerball.mk

To top