Иако во медиумите се пишуваше дека Јадранка Барјактаровиќ ги условувала организторите доколку биде сместена во ист хотел како и Рада Манојловиќ нема да дојде на манифестацијата „Виенски оскар на популарноста“.
Меѓутоа, тоа не се случи. Јадранка не само што дојде на манифестацијата, туку се сликаше со Рада, а селфито го објави на својот Инстаграм профил.
Двете пејачки имаа недоразбирање поради кое не зборуваа долго време.
Во една емисија Манојловиќ истакна дека Јадранка од сите јавни личности најлошо се облекува, а потоа и упати неколку негативни коментари.
„Јадранка знаеше да ме навередува, а имаше многу работи за кои не беше во право“, изјави некогаш пејачката.
Очигледно дека се тоа веќе е минато.
фото:инстаграм