Добитникот на Оскар, познатиот холивудски актер Џејми Фокс се уште е во болница, а неговото семејство, како што пренесуваат американските медиуми, нема најдобри прогнози за него.
Холивудскиот актер Џејми Фокс се уште е во болница поради се уште непознат за јавноста здравствен проблем со кој се сретнал пред неколку недели и кој предизвика длабока загриженост во целиот Холивуд.
Иако претставниците на актерот постојано кажуваат дека му оди добро, сепак останува прашањето зошто Фокс се уште не ја напуштила болницата. Во американските медиуми на големо се шпекулира за состојбата на познатиот холивудски заводник.
Во врска со ова, „Радар онлајн“ пренесува дека неговото семејство е загрижено и подготвено за „најлошото сценарио“.
-Семејството на Џејми истакнува дека актерот се освести и дека неговата состојба се подобрува, додека лекарите се обидуваат да дојдат до коренот на неговите проблеми, но тој немаше да биде толку долго во болница доколку се беше во ред – рекол извор блиску до оскаровецот.
Фокс е меѓу најомилените личности во забавната индустрија и нема проблем со никого. Оскаровецот наводно морал да биде реанимиран откако го претрпел инцидентот, кој неговото семејство сака да го сокрие. Сите индиции укажуваат на можен проблем со мозокот, но засега ништо не е потврдено.
фото:EPA Images