Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон не пропуштија да го одбележат крунисувањето на кралот Чарлс Трети и кралицата Камила на својот официјален Инстаграм профил за разлика од делумното присуство на принцот Хари и отсуството на Меган.
Принцот и принцезата од Велс објавија приватна снимка на која се гледа што се случува зад сцената на церемонијата, која ја следеа милиони гледачи ширум светот.
Видеото започнува со снимки на кои семејството излегува од својот дом и се упатува кон Вестминстерската опатија.
View this post on Instagram
Потоа наизменично се менуваат снимките од официјалната церемонија, каде што можеме да ги видиме принцот и принцезата како мавтаат од автомобилот, кралот и кралицата пред крунисувањето и целото кралско семејство собрано на познатиот балкон во Бакингемската палата.
„Каков ден. Ви благодариме на сите што го направија крунисувањето“, напишаа во описот на видеото.
фото: Инстаграм принтскрин/princeandprincessofwales