Радио Милева голем стрес и страв

Марко Миљковиќ заедно со Луна Ѓогани и ќеркичката го напуштија Белград (фото) 

Марко Миљковиќ заедно со Луна Ѓогани и ќеркичката го напуштија Белград (фото) 

По страшните трагедии кои ја снајдоа Србија во текот на претходната недела, Марко Миљковиќ наводно решил да ги одведе од Белград својата бремена сопруга Луна Ѓогани и ќерката Миа.


Имено, како што се дознава, Луна била многу погодена од веста за масакрите кои се случvaa од ден на ден, особено што лично се познавала со една од жртвите, па станала многу вознемирена и под стрес и плачела со денови. За да и ги пренасочи мислите, Миљковиќ решил да ја однесе и нејзината ќерка во Брус на неколку дена, пишува „Стар“.

Како што понатаму наведуваат тамошните медиуми и Марко бил многу потресен, но и исплашен за Луна и бебето бидејќи со денови не можела да се смири. Тој и забранил да ги следи вестите и и рекол да се спакува за да бидат во природа и да се посветат на својата ќерка која едвај чека да оди на село.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Ата Имаџес

To top