Старлетата Сораја Вучелиќ во февруари го доби првиот син со својот избраник, кој уште го крие од очите на јавноста.
На синот му го даде името Кан, а судејќи по објавите на Инстаграм, старлетата ужива во улогата на родител.
Таа живее луксузен живот, а на синот веќе му купува скапи работи по кои и таа е препознатлива.
Таа не штеди на брендирани парчиња за својот син, а сега на својот Инстаграм сподели фотографија од бебето во боди на познатиот бренд „Фенди“ чија цена е дури 650 евра.
Фото: Инстаграм принтскрин/sorajavucelic