Хелена Топаловиќ неодамна веќе ги израдува своите обожаватели со фотографија на која го покажа трудничкиот стомак. Бидејќи долго време ја криеше веста, речиси сите беа изненадени кога ќерката на пејачот Милан Топаловиќ Топалка откри дека наскоро ќе стане мајка на мало девојче.
View this post on Instagram
Оттогаш Хелена редовно објавува фотографии со трудничкиот стомак, а сега сподели малку понеобично „селфи“.
Ќерката на Топалко се фотографираше разголена во сенка, а сонцето одлично го истакна трудничкото стомаче. Како што откри во својата објава иако таа е во осмиот месец на бременоста, Хелена Топаловиќ фасцинираше со својата гола силуета!
Да потсетиме, Хелена Топаловиќ се омажи за својот 10 години постар избраник Драган Алексиќ, поранешен сопруг на водителката Јелена Димитријевиќ.
Фото: Инстаграм принтскрин/helena_topalovic