Откако минатата година блесна на „Макфест“ и со својата појава и со песната, недолго потоа Кристина Димитри(евска) престана да биде активна на естрадната сцена, кога се настапите во прашање. Секојдневно продолжи да ги полни социјалните мрежи со вбозбудливи фотографи, фотосесии и едиторијали, но оние штоќе посакаа да ја видат во нивниот град, на сцената на некој од локалните кафулиња, ноќни клубови или дискотеки, таквата можност им беше ускратена.
Не дека атрактивната тетовка беше презафатена, туку едноставно реши да направи пауза од јавните настапи на кои „само за вашите очи“ со пејачко, танчерско-еротски пеформанс од кој „срцето може да ви искочи“ сексапилната убавица ги забавуваше присутните. Особено паузата стана „нагласена“ по информацијата дека „љубовта“, онаа професионалната помеѓу Кристина и нејзиниот постојан придружник ДЈ Боно – завршила. Толку беше од соработката која убавицата ја озваничи со најава за нова со достојна замена, која практично никогаш и не се случи! Замената едвај ја видовме на слика, ама во пракса се’ остана само на празна најава.
Во меѓувреме Кристина му се посвети на инфлуенсерството и реклмаирањето производи и услоги на својот Инстаграм, додека во позадина нешто се крчкало и на музички план. Тоа и самата сега го потврди во својта ексклузивна изјава за Вистина.ком.мк…
„После секој викенд настапи низ цела Македонија минатата година, настапот со кој ја затворивме годината беше во Хрватска и горда сум на тој успех постигнат за една година постоење во музичкиот свет. Направив пауза од 3-4 месеци во која напорно работев и работам на мои песни заедно со најголемите имиња и уметници: Дарко Димитров, Лазар Цветковски, Игор Џамбазов, Роберт Билбилов. Очекувајте музички изненадувања“ – порача Кристина.
Сепак, во меѓувреме многу поинтересен за јавноста беа нејзиниот приватен живот и секојдневие, од случките, настаните и постапките на бившиот сопруг до преписките на социјалните мрежи со некои од останати дами од јавниот живот… Патем, скокотливите фотографии не заостануваа како зачин на љубопитноста, кои без да испее ниту еден стих , на тетовска убавица и ја одржуваа популарноста во живот… Разголени секси фотки кои го одземаат здивот… Со или без рекламна намена, ама секако со посебна намера – да се остане во фокусот на јавноста!
И таман помисливме дека Кристина Димитри ова лето само ќе се сонча, некогашната мисица одново шокираше.
Имено, таа откри дека и се вратила на „старата љубов“. И толку… Без детали, поединости, кому, како, што тоа се случило… Целата приказна ја подгреа и споделената мисла на нејзините Инстаграм приказни од прва рака: „Кога жената ќе засака“…
Она што прво на многумина им падна на ум е незамисливо, зашто „по Х-фактор“, „Х на квадрат“ е невозможна мисија, други пак тврдеа дека тоа се тие „тајни врски“ на релација: Белград-Скопје-Тетово, од типот: „Како после нас?“, трети се убедени дека е сепак нешто сосема ново во прашање, за кое… „Никому ни збор“!
За да не ја држиме „заблудата во неизвесност“, се обративме директно на изворот… А Кристина Димитри, поучена од старите добри поговорки, меѓу кои и онаа: „Нов бунар копај, во стариот не плукај“, очигледно ги задржала во доволно добра релација односите и комуникацијата со стариот добар соработник, со кој прв пат го почувствува вкусот на славата – ДЈ Боно, па решила „добитната комбинација“ сепак да не ја менува… Очигледно на обострано задоволство.
„Мојот тим за букинг ‘Лолипоп’ постојано ме известуваше дека луѓето го чекаат да се вратам на сцената и веќе сум желна и нестрплива да се вратам назад, на сцената. Паралелно да ви подарам и мои песни за љубовта што ми ја давате.Првиот настап ќе биде во Клуб ХАРД РОК во Гостивар на 13.05.2023 година со почеток во 00:00 часот.
А како изненадување го чував и мојот Боно, со него на бината функционираме како две тела, а една душа.
Епа, победничкиот тим не се менува. Едвај чекам“ – сподели Кристина за Вистина, откривајќи ја “старата љубов“. Онаа, професионалната… За приватната, рано е? Или можеби не е?
Фото: Инстаграм принтскрин/kristina.dimitry