Српскиот претставник на Евровизија Лук Блек ја откажа пробата пред музичкиот фестивал откако дозна за масовните убиства во Србија.
– Во мојата земја се случи страшна, страшна трагедија. Длабоко се потресов кога слушнав ваква страшна вест – изјавил Лук Блек, кој моментално е во Ливерпул, додавајќи дека ја откажал пробата на Евровизија поради лошите вести.
– Толку се згрозив кога слушнав и ја откажав мојата евровизиска проба поради шокот. За мене беше незамисливо да пеам во време кога лекарите се борат за детски животи, додека родителите ги оплакуваат своите деца – истакна Блек, кој вели дека ако неговата песна „Само ми се спие“ не праќала порака за ужасите што се случуваат околу нас, од кого бегаме за да потонеме во сон, размислуваше за значењето на неговата изведба.
Инаку, Лук Блек на свеченото отворање на Евровизија имаше црна лента на сината кошула во знак на жалост за трагичните жртви во родната земја.
Првото евровизиско полуфинале ќе се одржи утре, 9 мај, кога ќе настапи српскиот претставник, а финалето е закажано за сабота, 13 мај.
фото: Hollandse Hoogte / Shutterstock Editorial / Profimedia/Instagram