Радио Милева дијалект дијалог

„Јас и Сашко“… Миа Костова откри приватна тајна со Сашко Коцев (фото)

„Јас и Сашко“… Миа Костова откри приватна тајна со Сашко Коцев (фото)

Миа Костова откако стана „главен“ инфлуенсер на социјалните мрежи стана и доста интересна за јавноста. Дури имногу повеќе отколку кога беше само ТВ водителка.

Таа неодамна заедно со нејзините најдраги, со синот Адрија и со Тијана Скулиќ, со која заедно живее  организираше патување исполнето со неизвесност, па тргнувајки  од Охрид се прошета сѐ до прекрасната Италија,  а за сето тоа време споделуваше и овековечи дел од убавите спомени исковани на ова нивно патешествие.

На следбениците им пишуваше дека се радува што и тие „патуваат“ со неа: „Се радувам што патувате со мене и што постојано ми пишувате дека пренесуваме вистинска слика за најубавите места во Италија“ – објави тогаш таа.

Деновиве таа се појави и присувствуваше на на македонска премиера во киното Синеплекс во Скопје на романтичната комедија „Нешто слатко“ во режија на ТВ-ѕвездата и стендап-актерот, Тин Водопивец од Словенија со македонските актери Јелена Јованова и Сашко Коцев во главните улоги.

Во преполаната сала беше и Миа Костова која се фотографираше заедно со Сашко Коцев пред најавата за филмот, а на објавата на нејзините следбеници  им откри една приватана тајна : „Ја и Сашко Коцев на кумановски си зборимо к’д ќе се видимо“ – соопшти таа додавајќи и емотикон црвено срце со кое потенцираше колку тоа и значи.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Миа Костова

 

To top