Радио Милева Каде исчезна?!

Обожавателите загрижени, Клинт Иствуд не се појавил во јавноста повеќе од 450 дена (фото)

Обожавателите загрижени, Клинт Иствуд не се појавил во јавноста повеќе од 450 дена (фото)

Славниот актер се подготвува да го снима својот последен филм, трилерот „Поротник бр. 2“, во кој ќе глумат и Николас Хулт и Тони Колет, но неговите обожаватели забележале дека легендата на Холивуд не е виден повеќе од 450 дена , објави  „Дејли Експрес“.

Извор на „Radar Online“ изјави дека холивудските инсајдери се „загрижени“ за Клинт Иствуд, и покрај неговото здравје и виталност.

– Клинт отсекогаш бил во добра здравствена состојба, витален и активен, и покрај годините, но фактот што не е виден долго време ги загрижува луѓето во Холивуд. Тешко е да го замислиме освен дека е во добра форма, но времето нè стигнува сите – рекол изворот.

Британски „Експрес“ контактирал со претставниците на Клинт за коментар и чека одговор.

Клинт Иствуд има 70-годишна холивудска кариера, а една од неговите најпознати улоги е во филмот „Dirty Harry“. Покрај актерството, познатиот уметник се покажа и како талентиран режисер. Тој направи големи хитови како „Гран Торино“ и „Непростливо“, „Девојка од милион долари“…

Фото: Принтскрин/АР фото/Јутјуб

To top