Познатио холивудски актер Џејми Фокс иамаше влошена здравствена состојба од која неодамна беше итно хоспитализиран.
По речиси еден месец откако беше хоспитализиран поради итен медицински случај, Џејми Фокс го прекина молкот на социјалните мрежи и им се заблагодари на фановите за поддршката.
„Ја ценам сета љубов! Се чувствувам благословено“, кратко напишал во објавата која во средата ја сподели на својот Инстаграм профил, додавајќи емотикон од раце кои се молат, црвено срце и лисица.
View this post on Instagram
Актерот преку Инстаграм му се заблагодари и на Ник Кенон кој го презеде водителското место во неговата емисија „Beat Shazam“.
„Те ценам“, напишал Фокс и најавил дека наскоро ќе се врати.
За потсетување, 55-годишниот Џејми беше хоспитализиран на 11-ти април поради итен медицински случај, но сè уште не е во целост познато што се случило.
Извор близок до актерот открил дека Фокс извесно време не реагирал на стимули и дека докторите во еден момент морале да го оживеат. Тој изјави дека Џејми има висок крвен притисок и докторите сметаат дека може да биде среќен што е жив.
View this post on Instagram
Фокс во тој момент ја снимал акционата комедија „Back In Action“ во Атланта заедно со Камерон Дијаз, а изворот тврди дека актерот се однесувал проблематично во текот на снимањето.
Снимањето на филмот е продолжено, а продукцијата во сцените користи негов двојник.
фото:Instagram printskreen