Радио Милева насекирана

Викторија Лоба ги загрижи нејзините пријатели на Инстаграм: „Болничка е“ (ФОТО)

Викторија Лоба ги загрижи нејзините пријатели на Инстаграм: „Болничка е“ (ФОТО)

Македонската пејачка со руско потекло, Викторија Лоба,  често споделува фотографии од нејзините настапи, од  нејзиниот стил на облекување  но често покажува и докажува  дека е  и голем љубител на животните, бидејќи три години ужива во друштвото на нејзините миленичиња, кучeнцата од расата Померанец.

Таа честопати од нив споделува симпатични фотографии на кои тие слатко позираат.

Лоба неодамна со нив славеше и први Мај и ги прошета низ градот Охрид.


Но овој пат со нејзините следбеници и пријатели сподели дека нејзиното милениче сега е болно.

Имено, Лоба објави загрижувачко видео со кое покажа и на кое лесно се забележува дека Дунче не е како што треба. Но и таа самата напиша:

„Болничка е Дунче“ – стоеше на објавата на социјалната мрежа Инстаграм заедно со многу тажен и загрижувачки емотикон, со кој потврдува како се чувствува таа во овие моменти.

Инаку, оваа раса на кучиња, померанец, е доста популарна периодов и нивната цена на пазарот за миленици се движи околу илјада евра.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Викторија Лоба

To top