Македонската мисица, модел и пејачка Кристина Димитри(евска) не само што на социјалните мрежи речиси секојдневно споделува „скокотливи“ фотографии, користејќи ги своите телесни адути во рекламно – инфлуенсерски цели, туку одвреме – навреме знае да сподели и по некоја „мудра мисла“. Своја или туѓа сеедно, ама сепак мисла преку која неретко го отсликува своето расположение, чувства, емоции, моменталната состојба или атмосферата во одредени денови…
Една таква мисла атрактивната тетовка деновиве сподели на своите Инстаграм приказни која на многумина им асоцира на тоа дека убавицата е повторно заљубена. Зашто, како поинаку би го протолкувале чинот на познатата споделена фраза: „Кога жената ќе засака…“!
Ама само толку… Ни кого, ни како, ни колку, ни од кога… Едноставно загатка, која ја споделила во вид на љубовна енигма, која и ја постави на јавноста да ја разреши, а чиј одговор во моментов само таа го знае… И можеби само уште некој друг!
Арно ама, дека сите не размислуваат исто, покажа и одговорот на нејзината констатација, кој стигна бргу, а според кажаното нејасно е дали на Кристина и реплицирала машка или женска личност и тоа со зборовите: „Ништо не е, маж кога ќе засака, да видиш што е психопат… ха, ха, ха…“!
Но, убавата тетовка не дозволи да биде растргната меѓу дилемата за тоа која љубов е посилна и пофатална, машката или женската, па веднаш возврати, поставувајќи нова загатка!
Имено, мисицата и пејачка низ насмевка возврати со „реплика на репликата“ со зборовите: „Хаааааххх… Работа со психопат немам веќе оддамна“!
При тоа не објасни на кого тоа мисли? Дали на „женскиот манијак“ што порано ја прогонуваше на социјалните мрежи?
Или можеби мислеше на некој сосема друг, кој воопшто не ја прогонува, ама затоа сега има голема лична причина, одново да се радува?
Фото: Инстаграм принтскрин/kristina.dimitry