Актерката Ема Вотсон стекна огромна популарност благодарение на филмот „Хари Потер“, но иако нејзиниот успех во Холивуд е сон на многумина, таа реши да се повлече.
Последната улога на Ема беше во филмот „Малите жени“ кој излезе во 2019 година, а убавата актерка сега откри зошто решила да се откаже од кариерата.
– Искрено, не бев среќна. Се чувствував заробена. Ми беше многу тешко да морам да зборувам и да продадам нешто над кое навистина немав контрола. Секој новинар прашува: „Дали ова се согласува со вашите ставови?“ Беше фрустрирачки бидејќи немав право на глас – изјави Вотсон во интервју за FT.
Актерката чувствувала дека е роботизирана во актерскиот свет.
-Почнав да сфаќам дека сакам само да правам работи за кои, ако некој ме обвини, би можела да кажам: ‘Да, ја зезнав работата, тоа беше моја одлука, требаше да се направи подобро.’ Само не сакам повеќе да бидам бидам нечиј робот – додаде Ема.
Фото: Принтскрин/Ројтерс