Страшната трагедија од белградскиот училишен масакр, каде животот го загубија 8 невини дечиња и обезбедувачот на училиштето во центарот на српската престолнина, ја потресе не само Србија, туку и целиот регион, па и светот. Невините жртви по чии детски животи посегна нивниот довчерашен другар и соученик на најсуров и најбрутален начин, не само што ја запрепасти и ужасна јавноста, опоменувајќи ја за неповратната и непоправлива штета, туку и ја натера да се замисли за тоа каде оди општеството во кое живееме, какво е ова „чудовиште“ кое ние го создадовме?
Во трката за пари, кариера, власт, моќ… го загубивме она елементарното: основното воспитување и грижа за децата, човештината, емпатијата, блискоста, дружењето… Се загубивме и себе си и што е уште пострашно, младите генерации! Некои за жал, неповратно и засекогаш…
Токму затоа, покрај многубројните изрази на жалење и сочувство, покрај сета споделена болка и тага, покрај целата мачнина во душата на сите како да ни провејува една заедничка мисла преточена во прашањето: Зошто дете…? Зошто мораше ова да се случи?
Одговорот не е ниту малку едноставен и лесен, ниту пак може да се опише како прашањето само со еден збор или една реченица. Напротив – одговорот лежи во сублимат од акумулирани негативни нешта во општеството, семејството, самите нас, па се до нашите деца.
Затоа меѓу мноштвото изустени мисли, напишани зборови, искажана тага, статусот на македонската актерка и ТВ водителка Весна Бејби Петрушевска на нејзините Инстаграм приказни можеби најдобро го дава одговоротна она: Зошто? Само има ли доволно ум, мудрост и време да ја сфатиме пораката и извлечеме поуката… За повеќе никогаш вакво нешто да не се повтори… Никогаш, никаде и никому!
Еве го нејзиното размислување…
„Денес е тажен ден за сите… децата знаат да булираат, оние кои што се булирани не зборуваат за тоа! Се сеќавам како мојата ќерка беше булирана после траумата за која не беше виновна. Деца на нејзина возраст. Ја отпишав од тоа училиште оти родителите на булерите имале против што учат со неа.
Мразам оружје, никогаш ни на сцена не сум го користела како реквизит Со Коста детето што уби 9 човечки животи е една погубна поука да почнете да разговарате со своите деца, да ги слушнете, да клекнете на коленици и да ви шепнат што ги мачи. Во мојот живот се изнагледав насилни деца и жртви на насилниците. Одете до трети спрат психијатрија на клиника!Одете видете не е тоа далеку од вас!
Родителите сакаат се најдобро за своите деца во тоа не се сомневам, ама не ги гледате, не сте сведоци на нивните паѓања и трауми. Што мислите колкав гнев имал Коста? Веројатно немерлив Цело време зборувам за ментално здравје вие сте застанати кај анксиозност Соочете се со опасноста на врсничкито насилство. Не оди вашата флоскула “моете дете никогаш” кога веќе сте на 5 метри од вашето дете тоа е друг лик. Многу е страшно и проклето жално за загубата на сите жртви. Ова го има и кај нас. Образовниот систем ни е ерозија , гледаат одвратни риалити програми,насилни гејмерски игри,социјални мрежи кои сосема погрешно се користат. Во каков свет ни растат децата Сочуство,тажен ден за сите нас ….. “.
Фото: Инстаграм принтскрин/vesnapetrushevska