Радио Милева фатени за рака

Ана Винтур ја потврди врската со британскиот актер?! Ова се деталите за нивната врска (фото)

Ана Винтур ја потврди врската со британскиот актер?! Ова се деталите за нивната врска (фото)

Главната уредничка на магазинот „Вог“, Ана Винтур, дојде на Мет Гала во придружба на актерот Бил Наји.

Пристигнаа фатени за рака, а странските медиуми пишуваат дека изгледа дека Ана и Бил ја потврдиле врската со заедничкото пристигнување на модниот настан. Гласините за нивната врска започнаа пред три години кога беа видени на романтични вечери. Во декември минатата година, парот наводно бил фотографиран на проекцијата на неговиот филм „Living“ во Њујорк.

Ана и Бил веќе се снимени заедно на бројни модни ревии и во многу театри, а наводно се зближиле откако Ана се разведе од партнерот Шелби Брајан во 2020 година. Последната позната врска на Бил била со англиската актерка Дијана Квик.

Фото: Принтскрин/Анџела Вајс / АФП / Профимедиа

To top