Пејачките со албанско потекло кои доаѓаат од балканските простори последниве години ја тресат светската поп естрада… Рита Ора, Дуа Липа, Бебе Реџа… ги запоседнаа светските топ листи со своите хитови, а својата ултра популарност не и ја должат само на музиката, туку и на добриот изглед, провокацијата, изразениот сексапил… и по некој (режиран?) скандал, секако!
Република Македонија не заостанува зад овој тренд, барем, кога се музикалноста, сексапилноста и убавината во прашање кај пејачките – македонски Албанки. Се разбира, од кај нас се’ уште не излегла светски позната ѕвезда, ама кој да знае…?
И додека Туна Сејдиу и Аделина Тахири ја користат паузата заради мајчинството, една друга „наша“ Албанка е на добар пат да им ја „украде славата“, па дури и да стане многу попозната и попопуларна од нив и во пошироки рамки.
Дина Шабани е млада, згодна, атрактивна, сексапилна, провокативна, пожелна…
Има се’ што треба да има една голема поп ѕведа, барем кога се физичките предиспозиции во прашање. Веројатно и недостасуваат само повеќе хитови и добар менаџмент, за светот да ја добие новата Рита Ора токму од Македонија!?
До сега пеела само на албански, но нема против да запее и на македонски и англиски, особено она што најмногу и лежи како стил – ар ен би и хип-хоп!
Дина е дете од мешовит брак, од македонско-албанско потекло и за себе вели дека го собрала од двете страни најдоброто.
Таа и до сега со својата атрактивна појава ги мамеше туѓите погледи и изнудуваше воздишки, но со последнта фотосесија дефинитивно ги буди сите сетила, копнежи, страсти, скриени желби… барем кај посилниот пол!
Или подобро речено, кај вистинските мажи, чии влажни погледи долго се фокусираат на нејзината раскошна убавина!
Направена е од познатиот уметнички фотограф Зоран Поповски – Аварел, откако Дина стана заштитно лице на новата крипто валута Балканиум, чиј таргет се земјите од Балканот.
Во меѓувреме Дина погледнете го нејзиниот видеоспот за темата „Amore“ , додека за наредните вели дека ќе бидат уште попровокативни од претходните, кои достигнаа огромна гледаност на Јутјуб.