Радио Милева

Сара Мејс и Димитар го чекаат првото дете, а сега познатата пејачка го откри полот на бебето!

Сара Мејс и Димитар го чекаат првото дете, а сега познатата пејачка го откри полот на бебето!

Пејачката Сара Мејс и нејзиниот сопруг Димитар Атанасовски пред неколку месеци открија дека ќе станат родители на нивното прво дете. Пејачката не зборува многу за својата бременост, но потполно ужива во неа.

Пејачката не објавуваше многу фотографии на социјалните мрежи од својата бременоста, се до неодамна кога се појави на промоцијата на ДНК и го покажа своето трудничкко стомаче.

Меѓутоа, Сара во вчерашно интервју на една македонска телевизиија откри дека терминот за породување е меѓу 9ти август и 9ти септември. Таа потенцираше дека не го знаат полот на бебето, но дека сите и велат дека очекува девојче.

„Не го знаеме полот, но сите ми велат дека очекувам девојче. Само нека биде жива и здраво“.

Сара истакна дека се уште не ја подготвила собата на нејзиното прво дете, затоа што не сака како што вели „на нероден Петко капа да му крои“.

To top