Александра Накова по турбо активниот период во кој како модел имаше полни раце работа и тоа надвор од Македонија, па одредено време помина работно во Италија, каде снимаше нов едиторијал, се врати дома во родната Гевгелија. Убавицата не откри за што конкретно се работи кога е во прашање ангажманот во Италија, но затоа откри како ќе изгледа дел од нејзината нова летна колекција во „Куќата на модата“ – нејзиниот бутик за женска гардероба во родната Гевгелија.
Кој друг ако не таа самата, зашто има ли подобар модел од Накова, кој би ги рекламирал модните парчиња што се продаваат во нејзината модна продавница?
И додека гевгелиската убавица позира пред огледалото покажувајќи го најдоброто и осебе и од она што на себе го носи и рекламира, дали заради лична љубопитност или чисто за да разбие монотонија, Накова решила своите следбеници на социјалните мрежи да ги повика да и поставуваат прашања!?
Некои од нив едвај чекале, па почнале вообичаено да ја прашуваат се’ и сешто, а од сето тоа нешто Александра избрала, па го објавила на своите Инстаграм приказни.
Дека е сама – не е, зашто ваква атрактивна, привлечна, пожена, секси дама, сигурно не останува сама… А дали е „сингл“- само таа знае. И да е… И синглот има бројка – 45… Не фраери, туку вртежи, ако не знаеле оние кои не виделе грамофон!
Стереотипните прашања од типот: што гледаш, што слушаш, што читаш, што си во хороскоп… се вообичаени, па затоа Накова во еден здив им одговори на нејзините фанови.
Како и на неизбежните прашања: што јадеш, што пиеш, колку спиеш, дали вежбаш, држиш ли диета…?
Кога се гостувањата во ТВ емисии и Интернет подкасти каде им поставуваат незгодни прашања на вака згодни дами, Александра Накова, некако како да се замисли „па се закова“ пред да одговори, а и одговорот за неа не е нималку лесен, па морал да биде компромисен: „Можеби“…
А, можеби затоа што таму е и Зоки Фаци кој многупати тврдеше дека своевремено, некогашното момче на Накова „дебело му платило“ за тогаш анонимната гевгеличанка да ја направи позната?
Она што како избор го извадивме е можеби и најскокотливиот одговор на сите прашања, иако навидум прашањето што Накова го добила е сосема обично: „Дали сакаш масажи“?
Одоговорот исто така би бил вообичаен да не се фотографиите кои истиот го потврдуваат… „Најмногу“! Така барем вели Накова покажувајќи ја неодамна својата телесна убавина пред огледалото…
И тогаш гевгелиската убавица „пиштол гола“ само прекриена со бело пешкирче околу себе, уште еднаш потврдила дека уживањето во туѓи раце и е омилена работа… Мислејќи на масажата, секако!
Впрочем, можеби клучнта „тајна“ на совршената градба и балансираната килажа лежи и во ваквото опуштање со релаксирачко – естетска масажа, по што многумина воздивнуваат: „Ех, што би дале да се на нејзино место?“
При тоа, дамите би сакале да се на местото на Накова се рабира, а мажите на местото на… масерката!
Фото: Инстаграм принтскрин/nakovaaleksandraofficial