Според некои проценки, познатиот холивудски актер денес има 120 милиони долари, а пред половина век скоро секој ден бил гладен.
Актерот Ричард Гир зад себе има одлична холивудска кариера и со години ужива импресивно богатство, почит и светска слава. Сепак, не му било секогаш лесно.
Како и многу млади актери кои се обидуваат да градат кариера во една од најтешките области на забавната индустрија, Гир имал многу тешки времиња на почетокот.
– Во седумдесетите години гладував како актер кој штотуку ја започнува својата кариера, само се обидував да ја успеам. Имав среќа да работам, но во тоа време актерите не заработуваа многу – се присети Ричард на своите негламурозни почетоци.
Како што истакна, за да остане сит подолго за помалку пари, изел многу, многу јајца.
– Јајцата беа моја храна. Одењето во ресторани не ми беше опција. Тоа беа навистина очајни времиња – изјави Ричард Гир за „Page Six“.
Според него, во тие денови „никој немал пари во Њујорк“.
– За жал, гладот беше нешто нормално – со тага истакнал актерот.
Повод за ова интервју било учеството на познатиот актер во подготовката на гала вечерата „City Harvest“, чија цел е да им помогне на сиромашните да добијат храна.
Фото: Принтскрин/Себастијан Ногиер/ЕПА/Профимедиа