Поранешната ријалити учесничка и старлета Наташа Шавија, по бруталното претепување на свадбата на еден свој пријател, моментално е во болница под постојан лекарски надзор.
Како што дознаваат тамошните медиуми од извор близок до полицијата, официјално осомничен за ова дело е Стефан Кариќ по кого интензивно се трага додека нема ни трага ни глас од него.
Старлетата е примена во болница со сериозни повреди на лицето и скршеници. Исто така, таа остана без делови од косата, па и претстојат неколку операции. По страшните удари кои ги добила во главата и се здоби со хематоми и модринки, старлетата остана и без дел од косата.
По 24 часа, српски Курир повторно ја контактирал Шавија во болница, а таа открила како се чувствувала денес, а потоа испратила силна порака до сите жени.
„За утре е закажана нова операција. Јас сум на лекови против болки, инфузии, антибиотици, па можам да кажам дека сега сум без болки. Станува збор за операција на коската на образот, која е скршена“ – рекла Шавија и додала:
„Она што можам да го гарантирам е дека ќе се занимавам со тоа додека не биде задоволена правдата и насилникот не заврши како што налага законот, а сите знаеме дека тоа не е куќен притвор, макар имал 10 адвокати! Јавноста ќе биде известена кога ќе дојде вистинското време. Да ги научиме жените да не се плашат, да не молчат, да не ги повлекуваат тужбите и да не им простуваат на насилниците. Јас не сум една од тие, ниту тие треба да бидат. Наиде на погрешна кому ќе и го направи ова“ – изјавила Наташа.
Фото: Курир.рс/ Инстаграм принтскрин/natasa.savija