Старлетата се разголе за поддршка на Аргентина и Перу пред Светското првенство во Русија.
Таа стана позната благодарение на титулата Mis BumBum во 2016 година, и неа ја следи армија од 1, 2 милиони следбеници на Инстаграм.
Деновиве објави невидена секси слика која на прв поглед делува сосема обично – девојката отишла во тоалетот да се замие… Секако, се додека погледот на фотографијата не ви заскита надолу… каде се разбира, доминира нејзината сочна задница!
Нејзината фотка за рекордно време доби повеќе од 50.000 лајкови и 500 коментари и додворувања.
Интересно е тоа што Кортез која е избрана за меѓународен амбасадор на Мунијалот, неодамна го шокираше светот со изјавата дека мажите ретко ѝ пристапуваат.
„Мажите често се вулгарни и полни со самодоверба на социјалните мрежи, но кога ќе ме видат во живо или стануваат премногу нервозни или ништо не зборуваат. Од друга страна, жените знаат да бидат многу интересни и исклучително драги“ – вели оваа секси бринета.