Радио Милева модерен стајлинг

Се појави без градник и сите ги распамети: Со широка насмевка и гол грб ги „украде“ погледите (фото) 

Се појави без градник и сите ги распамети: Со широка насмевка и гол грб ги „украде“ погледите  (фото) 

Жената која се најде на листата на 100 највлијателни луѓе во светот повторно ги диктира модните трендови. Зендаја Колман неколку пати по ред е прогласувана за најдобро облечена жена на светот, а ласкавата титула и овозможува да си поигрува со модните парчиња како што сака. Со други зборови, дури и кога повеќе открива отколку што покрива, не изгледа вулгарно и никогаш не добила лоши критики од модните критичари.

Секогаш знае да направи моден спектакл. Кога нејзиниот долгогодишен стилист и пријател Ло Рох се пензионираше, многумина мислеа дека Зендаја повеќе нема да се истакнува на престижни настани. Сепак, се чини дека актерката го има врвното модно знаење, бидејќи за нејзините изданија пишуваат неколку недели по нивното објавување.

Овој пат Зендаја се појави во панталони кои се главен тренд за пролетта 2023. Кога ќе го погледнете моделот на овие панталони можеби ќе помислите дека се досадни и „тешки“ за постигнување урбана комбинација. Сепак, Зендаја најде начин по којзнае кој пат да провоцира и да привлече внимание кон себе.

Таа носеше елек без грб, модел кој се носи на гола кожа и без градник. Панталоните и провокативниот горен дел ги спои со ефективни бели чевли, а ова е вистински пример како можете да изгледате предизвикувачки без трошка вулгарност.

Фото: Принтскрин/Профимедиа

To top