Пејачката Анѓелка Игњатовиќ попозната како Бресквица изненади многумина со одговорот на прашањето за нејзината најголема неостварена желба. Бресквица сака автомобили, а во интервју за Гранд истакна дека нема да се откаже од своите амбиции,за кои многу повеќе би се очекувало да се желба на некои мажи, но…
„Авто – сервис е моја неостварена желба. Од мала ги сакав автомобилите и моторите, а тоа е мојата љубов покрај музиката“ – рекла Бресквица, а потоа открила кој и е омилен автомобил.
View this post on Instagram
„Моментално омилен автомобил што го имам е BMW cube e-30“ – откри пејачката која својата страст кон автомобилите ја преточува во песни, поради што неодамна ја објави песната „Drift“, во дует со Теодора Џехверовиќ.
View this post on Instagram
Кога станува збор за емотивните врски, Бресквица се труди да ја задржи приватноста за себе.
„Не го кријам моето момче затоа што луѓето нè снимаат, туку тој едноставно не сака јавно да се експонира бидејќи тоа не му се допаѓа“ – изјави Бресквица.
Таа истакна и дека освен автомобилите и музиката, има уште една љубов, а тоа се кучињата, кои има ги има осум:
„Имам дури 8 кучиња. Имаме 2 волчјаци, малтезер, пудлица, кокер… а моментално 3 живеат со мене“ – открила Бресквица.
Фото: Инстаграм принтскрин/brrrreskvica