Мегафон замина уште една музичка легенда

На 96-годишна возраст почина Хари Белафонте

На 96-годишна возраст почина Хари Белафонте

Хари Белафонте, пејач, текстописец, глумец, забавувач и политички активист, почина на 96-годишна возраст, изјави неговиот гласноговорник Кен Саншајн. Американецот починал од срцева слабост, во својот дом во Менхетн, Њујорк, САД.

Во 1950-тите Белафоноте глумеше во филмови со расистичка тематика, а во раните 60-ти соработуваше и со Мартин Лутер Кинг Помладиот во движењето за граѓански права. Тој беше движечката сила и зад песната „We Are The World“ против гладта ​​во Етиопија во 1980-тите. Песната беше првично изведена од Мајкл Џексон, Стиви Вондер, Брус Спрингстин, Боб Дилан, Реј Чарлс и Дајана Рос и собра милиони долари за донации.

Белафонте истакнуваше дека е во постојан бунт поттикнат од гнев.

„Мораме да бидеме дел од секој бунт што се обидува да го промени сѐ ова. Гневот е неопходното гориво. Бунтот е здрав!“ – изјави тој во една прилика.

Бил, исто така, противник на Апартхејдот во Јужна Африка и ја координирал првата посета на Нелсон Мандела на САД. Во 2014 година, тој ја доби хуманитарната награда „Жан Хершолт“, а во 2022  година беше примен во Рокенрол-куќата на славните.

(МИА)

To top