Двојката била видена на кошаркарски натпревар, каде уживале на трибините. Ова беше нивно прво појавување во јавноста откако Меган одлучи да не присуствува на претстојното крунисување.
Принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл се снимени на кошаркарски натпревар помеѓу Лејкерс и Мемфис Гризлис, а камерите се свртеа кон нив во прилично незгоден момент.
Prince Harry and Meghan Markle in LA!#NBACelebRow pic.twitter.com/F8pPin9CG8
— NBA (@NBA) April 25, 2023
Пред тоа публиката почнала да им аплаудира и да ги охрабрува да се бакнуваат, но Меган не сакала да го направи тоа.
Ова беше и прво појавување на парот во јавноста откако Меган одлучи да не присуствува на крунисувањето на кралот Чарлс III.
Фото: Принтскрин/ЕПА Имаџес