Модниот дизајнер Саша Видиќ почина на 52-годишна возраст во болницата „Бежанијска коса“ во Белград. Причината за смртта се уште не е позната.
Саша Видиќ во својата долгогодишна кариера соработуваше со бројни познати личности од јавната сцена – пејачи, актери, водители, спортисти, политичари…
Видиќ имаше остар јазик, па не ретко беше во вербална војна со естрадата.
View this post on Instagram
Инаку, тој лично дизајнираше и креираше дресови за српските спортисти за Олимпијадата во Лондон, а изработи и дресови за фудбалската репрезентација на Србија за Светското првенство Русија.
Тој беше основач на модниот бренд „Броз“. Соработуваше со Цеца Ражнатовиќ, Сека Алексиќ, Дара Бубамара и бројни познати музички ѕвезди…
Роден е во 1971 година во селото Млака во Хватска, извесно време живеел во Бања Лука, а потоа се преселил кај неговиот вујко во Белград, кога избегал од војната во Босна како бегалец. Кариерата ја изгради во главниот град на Србија.
фото:Инстаграм принтскрин/саша видиќ