Најголемиот шоумен, како што многумина го нарекуваат, поранешниот директор на Гранд продукција, Саша Поповиќ гостуваше во емисија на ТВ Курир.рс каде во разговор со водителот допре бројни теми, како од приватниот, така и од деловниот живот.
Саша меѓудругото откри и каква била неговата прва средба со Лепа Брена.
Познато е дека својата богата кариера полна со подеми и падови, Поповиќ ја започна во стара Југославија, каде најголемата слава ја стекна кога настапуваше со „Слатки грех“.
View this post on Instagram
Професионално почнал да се занимава со музика во далечната 1976 година, најпрвин во оркестарот „Лира шоу“, кога ја запознал младата пејачка Фахрета Јахиќ, попозната како Лепа Брена.
– Доаѓа Цако и вели: „Еве ја донесов Брена, а Брена носи кожени панталони, бела широка кошула и кожен елек, чизми надолу… Косата и беше свиткана како Џенис Џоплин“. Мене, мрак на очи кога ја видов, леле…“ – рече Поповиќ во својот хумористичен манир.
По оваа прва средба набрзо почнаа да работат заедно, а кога Лепа Брена стана нивна пејачка, во 1982 година го сменија името во „Слатки Грех“ и оттогаш имаат само се повеќе успеси.
фото:Instgaram printskrin